Добитници на највисока државна награда во социјализмот и лауреат од одбор формиран од СДСМ

Најнова вест

Земал и не враќа со години

Функционер на ДУИ и екс вицепремиер должи огромни пари на државата подигнати за патувања, странците бараат да се процесира

Кај дел од јавноста се уште не стивнуваат реакциите за еден од годинешните лауреати на највисоката државна награда 11 Октомври Љупчо Бубо Каров познат како Цацко од К15.

Дел од јавноста не може да се помири со уметничкото и научното ,,дело” на Цацко, со фактот што Каров како советник во владата на СДСМ и јавен лобист за промена на името а друг дел од јавноста смета дека тој со своето животно дело заслужил да биде лауреат.

Меѓу тие што сметаат дека делото на Цацко не е доволно за да застане рамо до рамо со луѓето што на свој начин ја граделе македонската државност со сите свои атрибути е Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит.

Меѓу тие што сметаат дека Бубо Каров е доволно заслужен за да добие толку важно признание и со тоа прилично голема сума на пари од државата е новинарот Ѕвездан Георгиевски кој и го предложил за наградата.

Во својот коментар на истата тема Георгиевски вели дека на доделувањето на наградата имало бојкот од страна на државните претставници за кои тој вели дека практично му ја доделуваат наградата на Цацко.

Притоа предлагачот Цацко да добие награда заборава да каже дека Бубо Каров наградата ја добива од одбор кој е формиран од СДСМ и во него има и партиски луѓе од оваа партија кога беше на власт.

Каров наградата за добил за наука и уметност но одборот досега не прецизираат за што точно го добива највисокото државно признание, дали е тоа за неговата кариера како музичар, како забавувач во К15, или некое трето дело кое досега останува енигма.

Предходно оваа награда во истата категорија ја добивале еден Ацо Шопов, Петре М. Андреевски, Анте Поповски, Катица Ќулафкова, Ристо Крле, Мето Јовановски, Љубиша Георгиевски, Горазд Росоклија….

Дали Цацко заслужува да се најде покрај великаните на македонската државност и современост според Георгиевски ќе одлучи времето.

За огромен друг дел од јавноста и без политичката активност на Цацко во редовите на СДСМ тој не заслужува да биде заедно со великаните.

Државната награда „11 Октомври” е награда од високо ниво на Република Македонија која традиционално се доделува на Денот на востанието на Република Македонија, 11 октомври). Со неа се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес.

Наградата „11 октомври“ ја доделува Одборот за доделување на државната награда „11 октомври“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата. Конкурсот е отворен секоја година од 1 до 31 мај. Наградата првпат била доделена во 1959 година.

Добитници на оваа награда досега се:

А
Александар Андреевски
Петре М. Андреевски
Петре Арсовски
Никола Атанасов (флејтист)
Линдита Ахмети
Решат Ахмети
Б
Димитар Башевски
Петре Богданов – Кочко
В
Атанас Вангелов
Пецо Видимче
Г
Љубиша Георгиевски
Паскал Гилевски
Д
Државен архив на Македонија
Благоја Дрнков
Димитрие Дурацовски
З
Ивица Зориќ
И
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Ј
Мице Јанкуловски
Никола Јанкуловски
Трајче Јанчевски
Мето Јовановски (глумец)
Тихомир Јовановски
К
Владо Камбовски
Љупчо Бубо Каров
Срѓан Керим
Марко Китевски
Атила Клинче
Никола Кљусев
Љупчо Константинов
Владимир Костов
Љупчо Коцарев
Зина Креља
Ристо Крле
Павле Кузмановски
Л
Ристо Лазаров
Вања Лазарова
Александар Лековски
М
Владо Малески
Димитар Малиданов
Митко Маџунков
Михајло Миноски
Петар Мирчевски
Елена Мисиркова-Лоза
Драги Михајловски
Јовица Михајловски
Томе Момировски
Н
Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“
Ванчо Николески
О
Тале Огненовски
Томислав Османли
П
Тодор Паскали
Јоана Поповска
Живко Поповски
Анте Поповски
Драган Попоски – Дада
Тома Прошев
Р
Горазд Росоклија
С
Владимир Светиев
Раде Силјан
Веле Смилевски
Вера Стојчевска-Антиќ
Стево Спасовски
Луан Старова
Ацо Стефановски
Влатко Стефановски
Горан Стефановски
Илко Стефановски
Ристо Стефановски
Милица Стојанова
Ненад Стојановски
Т
Петар Темелковски
Борислав Траиковски
Борис Трајанов
Стојан Тренчевски
Ќ
Катица Ќулавкова
Х
Петар Хаџи Бошков
Ц
Марин Црвенов
Ч
Јасмина Чакар
Коле Чашуле
Методи Чепреганов
Џ
Тодор Џунов
Ш
Ресул Шабани
Ацо Шопов

Зошто добитникот на наградата ,,11 Октомври” Цацко го ,,боле мео” (ВИДЕО)

https://prizma.mk/kolumni/bubo-karov-i-nashata-nagrada/