Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, во наредните денови се очекува пораст на температурите во Македонија.
Од почетокот на неделата дневните температури ќе бидат над 30 Целзиусови степени, додека кон средината на неделата во југоисточните делови од земјава се очекува да достигнат и до 40 Целзиусови степени.
Во Скопје и регионот времето ќе биде многу потопло и сончево, додека во понеделник се очекуваат врнежи од дожд.