Агустин Ескобар, директор на Сименс, и неговото семејство, сопругата Мерс Камруби Монтал и нивните деца, на возраст од 4, 5 и 11 години, се идентификувани како жртви на несреќата, кога хеликоптер кој ги превезувал на попладневна прошетка, се урнал во реката Хадсон во Њујорк.
Во несреќата загина и 36-годишниот пилот, потврдија полициски извори.
Сведоци раскажале како хеликоптерот аѓа од небото и удирајќи во водата се превртува наопаку, додека делови од леталото паѓале во реката.
Семејството беше во посета на САД од Шпанија, рече градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс.
Hudson River Helicopter crash @WSJ @FoxNews @ABC @zerohedge @NY1 pic.twitter.com/QtTpGut1un
— cardo (@card0312) April 10, 2025