Дипломатски скандал со македонското знаме предизвикан од американскиот државен секретар

Денеска напладне по американско време се случи дипломатски и протоколарен скандал со македонското знаме во објава на социјалната мрежа Х поранешен Твитер.

Во објавата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен со наслов ,,Ние сме НАТО” (We are NATO) на која се сите министри за надворешни работи од членките на алијансата меѓу сите знамиња на членките на НАТО го немаше само македонското знаме.

На фотографијата се наоѓа и македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи но знамето под кое е тој претставен не беше на Македонија.

Скандалот технички траеше кратко затоа што Блинкен го смени статусот и го постави македонското знаме.

Засега од официјален Вашингтон нема извинување за гафот со македонскиот национален симбол.