Дипломатски приказни: Отишол во македонската амбасада да носи храна амбасадорот почнал да го вика ,,Српче” на ,,галено”

Белградски стопанственик кој работи со кетеринг услуги раскажува на Твитер колку убаво поминал во македонската амбасада каде што носел храна.

Профилот на Твитер открива дека амбасадорот Никола Тупанчевски кој е професор на правниот факултет во Скопје првиот дел од своето образование го завршил во главниот град на Србија.

,Одам во македонската амбасада да доставам храна за мал прием, ме канат да останам кај нив.
Излегува дека амбасадорот го завршил основното училиште во Белград. До крајот на вечерта ме вика „Српче“, раскажува белградскиот бизнисмен задоволен од приемот во македонското дипломатско претставништво.

Според објавената фотографија во амбасадата на Македонија на приемот се јадело скромно: пиперки, ќебапи и разни видови пити.

Меѓу Македонците Српче е популарен назив за Србите.

Прекар ,,Српче” има и екс градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ.

Мостовите на заедништвото се градат со взаемна почит, заедништво и почит кон различностите

Најчитани статии

Не се знае кој е технолошкиот напредок што го има Курти а го нема Путин

Косово забрани извоз на напредни технологии во Русија

Претседателката на Ханука со Еврејската заедница