Поранешниот пратеник Илија Димовски реплицира на реакцијата од Министерството за надворешни работи на Грција за пораката на македонскиот премиер Христијан Мицкоски пред иселениците во Њу Џерси дека македонското прашање и понатаму е отворено.
„Потписот на Димитров, аминот на Заев и криминалното гласање на Преспанскиот договор не се обврзувачки за ниту еден Македонец во светот (со или без македонско државјанство). Може да ја силувате државата, луѓето тешко“, вели во објава на Твитер бившиот шеф на македонската делегација во Парламентарното собрание на НАТО и некогашен шеф на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.