Димитров со критика за Русија: „Москва го бранеше „Груевистан“ а не РМ“

Во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС снимено за време на посетата на Софија, министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров од Бугарија бара да не ја блокира земјава затоа што и од интерес за Софија е соседната земја да биде дел од НАТО и ЕУ.

Тој вели дека кога поголемиот сосед покажува сила тогаш помалиот не е конструктивен туку се однесува дефанзивно што не е начин за решавање на проблемите и зближување.

Димитров во интервјуто вели дека во текот на кризата во Македонија Русија имала 11 изјави со кои што не ја бранела Република Македонија туку ткн „Груевистан“ односно политиката на екс премиерот и сегашен лидер на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски.

Никола Димитров во јануари 2014 година беше назначен за амбасадор на Македонија во Москва но тој одби да замине на оваа важна дипломатска позиција.

Во времето кога тој беше амабасадор во Вашингтон пред петнаесетина години во времето на владата на Љубчо Георгиевски неговиот татко Димитар Димитров беше македонски амбасадор во Москва.

Целото видео на БГНЕС во продолжение

https://www.facebook.com/NDimitrovMK/videos/1990379694508773/