Димитров против ФИРОМ како решение, личи на Клингон од „Ѕвездени патеки“

И покрај обидот во НАТО да влеземе како ФИРОМ министерот за  надворешни работи на Македонија ја отфрла можноста кратенката од Обединетите Нации да биде финално решение во спорот со Грција.

Тој вчера во Брисел изјавил дека кога ќе се спомене ФИРОМ луѓето го доживуваат терминот како нешто чудно, како вонземјаните од народот Клингонци.

– Кога ќе кажете ФИРОМ тоа многу мојата земја ја асоцира на Клингон од серијата „Ѕвездени патеки“, изјавил Димитров на прес конференција во Брисел по средбата со Могерини и еврокомесарот Хан.

Димитров вчера во Брисел изјавил дека решението со Грција може да биде прифатливо за двете страни а во него да нема победник и поразен.

Клингонците се измислен народ со полу – човечки ликови кои што имаат свое кралство во вселената  и се во постојан конфликт со други народи.

Македонците се (не)признaт народ на Балканот што има своја држава која иако е призната од две третини од светот има моќен сосед што не и дава да се нарекува како што сака.