Димитриеска-Кочоска: Вкупно 84 милиони евра од унгарскиот кредит кон Македонската развојна банка

Вкупно 84 милиони евра од унгарскиот кредит се префрлени кон Македонската развојна банка, а интересот кај компаниите е многу поголем од очекуваниот, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Како што изјави денеска, средства се бараат од сите сектори.

  • Интересот кај компаниите е голем, очекуваме да бидат исцрпени предвидените 250 милиони евра, истакна Димитриеска-Кочоска, одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето на Денот на Царината.