Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска одржа прес конференција.

„Од моментот на влез во политиката до крај ќе работам врз база на основни лични принципи на работа, засновани на начелата за чесност отчетност и одговорност.

Во континуитет со години, а интензивно од локалните избори до денеска од страна на поединци, менаџирани и мотивирани од луѓе заглавени до гуша во криминал, поранешни премиери, министри и актуелни самопрогласени лидери на опозицијата, јас и тимот околу мене сме напаѓани со неосновани клевети и лаги за наводни злоупотреби.

Би сакал да ја информирам јавноста и граѓаните дека целта на оваа кампања на СДСМ не сум лично јас, туку преку мене политичкиот субјект кој е најбрзорастечка партија во Македонија, а тоа е Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

За да биде иронијата поголема тоа го прави СДСМ – партијата на неспособноста, криминалот и националното предавство.

СДСМ нема кредибилитет да зборува за правда.

Паниката го прави своето.

Еве ја вистината:

1.Земјиштето за кое што ме обвинуваат е сопственост на моето семејство
кое е наследство од моите предци со турска тапија.

2.Тогашната парцела изнесувала 18 илјади м2, државата по пат на денационализација на членовите од моето семејство им вратила само 1200 м2 земјиште и 4800 м2 коишто се платени со државни обврзници по цена од 800 ден/м2, што значи дека мојата фамилија загубила 12000м2 сопствен имот.

3.Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година, во времето на поранешниот
градоначалник Зоран Дамјановски-ЦИЦ од СДСМ.

4.Со новиот ДУП постоечката парцела и габарити не се менуваат.

5.Предметното земјиште за кое сега неосновано ме обвинува СДСМ е со вкупна површина од 1200 м2, тоа било во сопственост на членови на моето семејство и изнесува само 2,8 проценти од вкупната површина на парцелата во ДУП-от

6.Инвеститорот ЛИДЛ МК прави преддоговор за откуп на имотот од таа парцела во ДУП -от на 23.02.2024 година и договор за купопродажба на земјиште од 1200м2 на 26.01.2024 година.

Доколку се утврди било каква кривична одговорност да поднесат кривични пријави против сите засегнати лица“, рече претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на денешната прес конференција.

Целиот текст прочитајте го тука.