Димитриевиќ во „тимот на Дражен“ на спектаклот во Загреб за 60 години од раѓањето на „кошаркарскиот Моцарт“

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитриевиќ играше за „тимот на Дражен“ на спектаклот во Загреб организиран во чест на 60-годишнината од раѓањето на кошаркарската легенда Петровиќ, кој трагично загина на 28 години во сообраќајна несреќа во 1993 година.

Бекот на Олимпија Милано и на репрезентацијата на Македонија придонесе со 9 поени за победата на „тимот на Дражен“ од 110:107 против селекцијата на Хрватска.

Соиграчи на Димитриевиќ му беа Ларкин, Џанан Муса, Обст, Вања Маринковиќ, Јака Блажиќ, Шенгелија, Тавареш, Матијас Лесорт, Бобан Марјановиќ, предводени од тренерите Жељко Обрадовиќ и Невен Спахија, а за „коцкестите“ настапи и Хезоња.

Со своето присуство спектаклот го збогатија колегите на Дражен од репрезентацијата на некогашна Југославија – , братот Александар Петровиќ, Дивац, Кукоч, Раѓа, Даниловиќ, Паспаљ, а беа присутни и НБА-ѕвездите Дончиќ, Драгиќ и Бојан Богдановиќ.

Врв на спектаклот беше обраќањето на присутните од холограмот на Дражен, кој измами солзи кај многумина во салата.