Холивудскиот актер Роберт де Ниро во петокот остро го критикуваше ставот на САД за климатските промени и одлуката на претседателот Доналд Трамп земјата да излезе од Сојузот за меѓународен договор за климатските промени.

Како еден од познатите критичари на политиката на претседателот на САД, Де Ниро на четвртата конференција „Глобалниот форум на граѓаните“ што се одржа на Свети Стефан во Црна Гора, рече дека не може да се замисли дека Трамп ќе биде претседател ушто долго, до истекот на четиригодишниот мандат.


„Немам конкретен став околу тоа дали меѓународната заедница прави доволно во борбата против климатските промени, но јас знам дека треба да се направи повеќе. За жал, во мојата земја имаме администрација која во оваа смисла не ни помага. Се случува нешто интересно, луѓето се спротивставуваат и не занемаруваат нас кои некогаш бевме водачи (во оваа област) “, изјави Де Ниро.

Според негови зборови, САД „имаат лидер кој не знае што прави и кој не е лидер“.

Де Ниро беше еден од учесниците на „Глобалниот форум на граѓаните“, на кој се собраа светски познати имиња од областа на политиката, академските институции, бизнисот и шоу-бизнисот, а кои искрено дискутираа на тема „Можности во време на неизвесност“.

На форумот присуствуваа и поранешниот командант на силите на НАТО во Европа, Весли Кларк, поранешниот претседател на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, мотивацискиот говорник Роберт Шарма, директор на УНЕСКО, Ирина Бокова, сопругата на поранешниот британски премиер Тони Блер, Чери, поранешниот бугарски претседател Петар Стојанов, како и основачот на Форумот Арман Артон, но и многу други.