Маргита Стефановиќ, архитект по професија, се смета за една од најталентираните пијанистки на овој простор во финишот на минатиот век. Таа била во класата, но според многумина, и со талентот на познатиот Иво Погорелиќ. Маги се приклучила на групата на Милан Младеновиќ, „Катарина Втора“, во 1982. година како постојана членка. Групата го сменила своето име во „Екатерина Велика“ две години подоцна.
Освен што учествувала во компонирање на песни за бендот заедно со Милан, Маргита продолжила да компонира музика за театар, вклучувајќи ги претставите “Класен непријател”, “Три сестри”, “Надвор од Виножито” и “Мајка храброст”.
Таа како автор се појави и на албумите на голем број југословенски бендови како “Ван Гог”, “Бебе” и други, а имаше улога и во филмот на Горан Марковиќ “Тајван канаста”. Филмот исто така е познат и по песната “Тетоважа” од ЕКВ.
По смрта на Милан на 5. ноември 1994. година, бендот престанал да постои, но Маги со неколку музичари основале бенд и изведувале домашни и странски хитови во Белградските клубови.
Нејзиното последно музичко дело е музика за претставата “Мртвото човечко палто”, на Хајдана Балетиќ.
Маргарита Стефановиќ почина на 18. септември 2002. година на возраст од 43 години во Белградската клиника за инфективни болести.
Причината за смртта не е официјално објавена, но се претпоставува дека починала од долготрајното конзумирање на наркотици, а има една верзија за AIDS. Нешто што е сигурно е дека го потрошила сето семејно богатство и дека последните месеци од животот ги минала како бездомник.
Во истата година во Белград беше објавена книгата “Маги, ѕвезда која трае вечно”.