Дете со тешки повреди од петарда, од труење со алкохол 18 завршиле на Токсикологија

Тринаесет годишно дете се здобило со тешки повреди на раката од петарда и ќе има траен инвалидитет, објавија од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ по новогодишната ноќ.

„Имаме двајца пациенти од физички напад, едниот е задржан на опсервација и во текот на денов ќе биде пуштен дома, како и 13-.годишно дете со тешка повреда на раката од петарда, кое веќе е оперирано на Детската клиника за хирургија и најверојатно ќе биде со инвалидитет на раката, информираше претпладнево Игор Мерџановски, доктор од ТОАРИЛУЦ за Фактор.

Со акутно труење од алкохол на Клиниката за токсикологија во Скопје биле примени 18 пациенти, а најмладиот има 14 години.

„ Вообичаено како секоја година имаме помалку пациенти од минатата година, изјави Андон Чибишев“, директор на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Генералната оценка на здравствените институции во Скопје е дека ноќта поминала прилично мирно со помал обем на работа.