Во пожар во дом за стари лица во шпанскиот град Вилафранка де Ебро, десет лица загинаа, а најмалку две се тешко повредени, јави Би-Би-Си.
Пожарникарите утринава во 5 часот биле известени за пожар во дом за стари лица. Пожарот е изгаснат, а зградата е проветрена, а станарите се вселиле во дневната соба.
Засега не се познати причините за пожарот и бројот на повредени.
Десет лица кои биле во зградата починале од вдишување чад.
Во моментот на пожарот во резиденцијата, наменета за згрижување на стари лица и лица со ментален хендикеп биле згрижени 82 лица.