Десетици загинати при страшен пожар во Истанбул за време на реновирање на ноќен клуб

Најмалку 29 луѓе загинаа во пожар кој избувна при реновирањето на ноќен клуб во Истанбул. Уште осум лица се повредени, од кои седум се во сериозна состојба.

Канцеларијата на гувернерот на Истанбул соопшти дека пожарот се случил во централната област Бешикташ и дека сите загинати се градежни работници.

Според новинската агенција „Анадолу“, пожарот почнал за време на реновирањето на објектот кој зафаќа два подземни спрата во 16-катна станбена зграда.

Издаден е налог за апсење на петмина луѓе, вклучувајќи тројца кои раководат со ноќниот клуб.