Иако денешниот натпревар меѓу Шкупи и Шкендија од петтото коло на Првата македонска фудбалска лига се одигра на стадионот „Чаир“ во Скопје, според изгледот и напишаното на влезниците испаѓа дека било – албанско дерби?!
Покрај таквиот натпис на англиски јазик (?), билетот е „накитен“ со ликови од албанската историја (??), а единствениот детал што наведува на тоа дека, сепак, станува збор за меч во Македонија е логото на ПМФЛ.
„Албанското дерби“ заврши нерешено 1:1, по што Шкендија остана водечка на табелата со 11 бода, колку и Работнички, а Шкупи е седми со 5.