Ден Дончев се јави од Австралија!

Поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, потсети дека е жив, здрав и во добро расположение со куса објава на Фејбук, со текст „единствениот Новак Ѓоковиќ“ и со видеа од мечот на Новак Ѓоковиќ.

Ден Дончев исчезна од Македонија некаде кон крајот на јуни 2020 година.

Пред тоа, на 5 мај, тој поднесе неотповиклива оставка од својата функција, наводно од здравствени и семејни причини. Владата на Зоран Заев експресно ја прифати оставката, потсетува Плусинфо.

Во текот на раководењето со Фондот за здравство, Плусинфо ја отвори аферата „Рекет 2“, обвинувајќи ги него и тогашниот министер за здравство Венко Филипче за обид да ја попречат продажбата на компанијата „Диамед“ на скопјанката Вера Иванова на странскиот инвеститор „Диаверум“ од Шведска, со што сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување според член 353 од Кривичниот законик.

(…)

По жестокиот притисок на опозицијата да се поведе истрага за Ден Дончев во врска со оваа афера, но и за еден друг скандал, кон крајот на јуни обвинителката Вилма Русковска изјави дека се води истрага за поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, но додаде дека не знае дали тој е во Македонија.

Од тој момент стана јасно дека Дончев ја напуштил земјата.

Ден Дончев уште во јануари заминал во Австралија!?