Регулаторната комисија за енергетика ќе каже на која ќе ги објави одлуките за цената на преносниот и дистрибутивниот систем на електрична енергија (МЕПСО, Електродистрибуција, МЕМО). Предлозите ќе бидат разгледани на главната седница на Регулаторната комисија, по што ќе се пресметува дали и за колку ќе се зголемат сметките за електрична енергија на граѓаните од новата година.
На последниот тендер на ЕВН Хоум, АД ЕСМ понуди цена од 62 евра за мегават-час, што е за две евра повеќе од досегашната цена по која ЕСМ ја снабдуваше компанијата. Оваа цена директно ќе влијае на крајните сметки на домаќинствата.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува значителен раст на цената за домаќинствата, предвидувајќи зголемување помеѓу еден и три проценти, а за потрошувачите во првиот и вториот блок, зголемувањето би било околу 0,5 проценти.
- „Тоа е одлука на Регулаторната комисија, но очекувам минимално зголемување од еден до три проценти, што би било убедливо најниско во регионот и Европа. За потрошувачите во првиот и вториот блок, каде што се повеќе од 75 проценти од домаќинствата, зголемувањето не би требало да биде повеќе од 0,5 проценти,“ изјави Мицкоски.
Одлуката на Регулаторната комисија ќе биде клучна за тоа какви промени ќе донесе новата година во трошоците за електрична енергија.