Од денеска до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво поради сончевото и многу топло време со дневни температури кои наместа надминуваат и 40 степени.
Исклучок ќе има в недела, кога, според синоптичарите, во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Денеска минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен.
UV=9
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени.