Home Македонија Денеска пет интерпелации пред пратениците

Денеска пет интерпелации пред пратениците

Во Собранието, на првата пленарна седница во оваа година, на дневен ред се четири интерпелации кои коалицијата „Европски фронт“ ги поднесе за работата на четворица членови на Владата.

Интерпелациите кои коалицијата „Европски фронт“ ги поднесе се за работата на четворица членови на Владата – вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик, Астрит Исени.

Интерпелациите од ДУИ нема да добијат подршка од социјалдемократите

На пленарна денеска, пратениците треба да расправаат и за интерпелацијата што во Парламентот ја поднесе пратеничката група на Левица против Илире Даути – пратеничка на Алијанса за Албанците од коалицијата „Европски фронт“ и претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади.