Денеска одлука на Врховен за притворените за настаните од 27 април

Во текот на денов треба да биде донесена одлука за притворените пратеници и другите осомничени за настаните во собранието кои се случија пред 11 месеци, на 27 април минатата година.



Рокот од 48 часа за донесување на решението по однос на жалбите на притворените истече во четвртокот, а адвокатите на осомничените кои испратија повеќе од 15 жалби велат дека Судот неосновано го гази законскиот рок и ја одолговлекува целата процедура.

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, денеска за МИА изјави дека очекува во текот на денов да биде објавена одлуката по жалбите.

Венгеловски претпладнево учествува на настан во Академијата за судии и јавни обвинители на тема „Независно судство, јакнење на капацитетите за отпор кон влијанието“.