Дали се оправдани и исправни донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното автомобилско осигурување за над 15% од страна на осигурителните компании ќе одлучува денеска Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност.

Со донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании за 15,44 отсто поскапува полисата што ја плаќаат граѓаните при регистрација на нивните возила со моќност од над 44 киловати. Поскапувањето е од 840 па до скоро 1.600 денари во зависност од моќноста на возилото.