24. мај е голем празник во нашата земја и ден во кој се слават солунските браќа Кирил и Методиј, најважните просветители и мисионери на христијанството. Кирил и Методиј живееле и делувале во 9. век и се изумители на глаголицата, првата азбука на јазикот на Старите Словени. За својата дејност десет века подоцна, во 1980. година Папата Јован Павле втори ги прогласи за заштитници на Европа.

Светите Кирил и Методиј во Православната црква се прославуваат како „Свети рамноапостолни Кирил и Методиј, учители словенски“ и на денешен ден се посетуваат многуте цркви во Македонија, па и во Европа што се именувани по нив.

Светите браќа Кирил и Методиј се присутни меѓу иконите во секој Свет храм во Македонија, на повеќе локации се поставени и споменици, а по нив се именувани и голем број институции.