Собраниската седница за избор на нова влада продолжува денеска со единствената точка на дневен ред а треба да заврши со гласање најдоцна до полноќ.
Новата влада се бира со обично мнозинство.
Мандатарот Христијан Мицкоски вчера ја претстави програмата, и најава многу работа и многу нови инвестиции, како и довршување на инфраструктурните проекти, како автопатот Кичево – Охрид.
Парламентарното мнозинство кое се очекува да ја поддржи новата влада во Законодавниот дом брои 78 пратеници, 58 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 14 од Вреди и шест од ЗНАМ.