Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време, наместа со мала до умерена локална облачност.

Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе биде 9.

Утринските температури се движат од 13 во повисоките источни области на земјата, до 21 степен на крајниот југ.

Во текот на денот највисоките соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 30 и 39 целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 39 степени.