54. годишната актерка Деми Мур не сака нејзиниот поранешен партнер Ештон Качер да се дружи со трите ќерки што таа ги има од бракот со Брус Вилис иако тие долго живееа во заедница, па 39. годишната филмска и ТВ ѕвезда 8 години им беше очув. Качер во моментов, а така е од 2015. година е во брак со Мила Кунис, нешто што Деми се уште не може да го надмине.

Причина за тоа е што распадот на врската на Деми и Ештон беше предизвикана од изневерување, што е нешто како оправдување плус, повеќе мајката да забрани Качер да се гледа со ќерките Румер (28 години), Талула (23 години) и Скаут (25 години).
“Ги сакав и ги сакам тие деца како да се мои, впрочем и јас помогнав Деми да ги подигне”, вели Качер, кој од бракот со Мила Кунис има ќерка и син.

Мила пред да влезе во брак со Ештон беше во деветгодишна бурна врска со Мекколи Калкин, а таа се распадна во 2011. година, во исто време кога Деми и Качер го завршија бракот. Сега среќната двојка, се запозна на снимање на серијата “Луди 70-ти”, а се венчаа во тајност 4 години подоцна.