Откако ќе преживеете три брака и тоа со мажи различни, поразлични да не можат да бидат, стресот ви е задолжителна појава. Се уште преубавата Деми Мур во гостувањето во ТВ шоуто на Џими Фелтон раскажала дека загубила два предни заба и тоа како директна последица од стресот кој ја мачи подолго време.
“Би сакала да ви кажам дека забите ги загубив со некоја кул работа како возење ролерки и скирол, но без нив останав од втората најчеста причина за смртност кај Американците”, вели искрено Деми која не се срамела да покаже фотографија без единицата и двојката од горната вилица.
Деми Мур ги решила проблемите со стоматологот брзо, но стресот останува и со него се уште се бори, а со оглед на годините 55, изгледа и допрва ќе се бори. Актерката која има серија улоги во значајни филмски остварувања како Дух, Неколку добри луѓе, Непристојна понуда, Стриптиз итн. извесно време е без машка придружба. Таа пред 4 години беше напуштена од Ештон Качер, откако таа го остави Брус Вилис, а пред него и Фреди Мур за кого беше мажена уште на неполни 18 години.