Највлијателниот словенечки весник „Дело“ во анализа под наслов „Великоалбански тапанџии“ пишува за состојбите на Балканот низ призмата на влијанието на САД врз политичките текови во кои учествуваат припадниците на расформираната „Ослободителна Армија на Косово“.
Најтиражниот словенечки весник кој има социјалдемократска и либерална провиниенција пишува за „Овошјето на љубовта меѓу САД и УЧК“ и наведува дека поранешните бунтовници кои што победиле на изборите најверојатно добиваат поддршка од САД.
„Во победата на милитантната коалиција во Косово и новиот владин кабинет во Македонија каде што поранешните воени лидери на парамилитантната организација УЧК излегоа посилни од изборите, за многумина во регионот гледаат поврзаност со САД“, пишува словенечкиот весник кој вообичаено е умерен во своите анализи за Балканот.
Како што пишува весникот „љубовта меѓу САД и ОНА ја достигнала фазата на зрелост а последиците од тоа се две влади на УЧК на Балканот.
„Иако УЧК секогаш беше дел од владините структури во Приштина и Скопје, делумно и поради интервенцијата на Тирана, повторно се навраќаат заканите од големо – албанските тенденции“, смета авторот Вили Ајншпилер кој ги коментира резултатите од предвремените избори во Косово.
Ајншпилер вели дека дури и ако се занемарат теориите на завера од Косово не може да се очекува ништо добро. Земјата има најмлад народ во Европа а меѓу младите до 24 години незапосленоста е 52 %. Според него овие проблеми не може да ги решат ниту поддржувачите на великоалбанскиот национализам.
„Дело“ се печати во Љубљана а се дистрибуира и во Хрватска и Србија.