Девизните резерви во октомври зголемени за 569 милиони евра во однос на септември

На крајот на октомври 2024 година официјалните девизни резерви изнесуваат 4.975,6 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 568,9 милиони евра, соопшти Народната банка на Република Македонија (НБРМ).



Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (63,4 проценти), по што следуваат валутите и депозитите (25 отсто) и монетарното злато (11,4 отсто).