Деведесет отсто Македонци против истополови врски

Деведесет отсто луѓе во Македонија не одобруваат врски меѓу припадници на ист пол, пишува „Лили“, кој се претставува себеси како прв весник во САД за и од жени.

„Оваа недела УНДП и УСАИД објавуваат докази за правата на лезбијките, геј, бисексуалните, трансполовите и меѓуполовите (ЛГБТИ) лица низ Западен Балкан – најголемата студија досега во регионот. Иако има некои знаци на напредок во политиката и во законодавството, повеќето наоди се мрачни. Во поранешната југословенска Република Македонија девет од десет граѓани не одобруваат истополови врски. Во Србија 70 проценти од ЛГБТИ-заедницата искусила психолошко насилство и малтретирање. Во Албаннија 94 отсто од наставниците велат дека никогаш не познавале ЛГБТИ-ученик. Во Босна и Херцеговина 44 отсто од родителите велат дека, ако нивното дете излезе дека е ЛГБТИ, тие би се обиделе да го ‘излекуваат’“, пишува „Лили“.