Македонската фудбалска селекција до 21 година загуби вечерва во Гдиња со 5-0 од Шпанија што е веројатно очекува епилог на соочувањето на репрезентацијата која се појавува прв пат на Европските првенства и еден од големите фаворити за освојување на трофејот во Полска.

На Госир стадинот ние париравме кратко и се заканивме неколку пати од полушанси и од далечина, но Шпанците сето тоа лесно го контолираа и потоа брзо се трансформираа и уште побрзо не решија. Саул Нигез во 10. минута не начна, Асенсио шест минути подоцна зголеми, а за разбивањето во првиот дел се погрижи Делуфеу во 35. минута од пенал. Во продолжението ние повторно не бевме инфериорни иако конечниот резултат говори за нешто друго. Давид Бабунски имаше удар во пречката меѓу головите на Марко Асенсио кој погодуваше два пати (54. минута и 72. минута) за конечните 5-0.

“Не бевме лоши до 60. минута иако резултатот не го покажува тоа. Потоа паднавме. Заслужено сме поразени, но се надевам дека ќе можеме да ги освежиме играчите, и психолошки и физички за мечот со Србија”, рече на прес конференцијата селекторот Благоја Милевски.

Младите фудбалери ќе се осврнат со стручниот штаб на првиот пораз од Шпанија со 5-0 кој е заслужен по сите фудбалски мерила, но веднаш ќе се свртат кон следниот дуел за три дена против Србија. И Србите денеска загубија од Португалија со 2-0 во мечот со кој беа отворени натпреварите во групата Б на Европското првенство за фудбалери до 21 година.