„Движењето Народ смета дека разрешувањето на Илире Даути од функцијата претседателка на Комисијата за труд и социјална политика е јасен доказ за македонската националистичка поларизација, усогласена околу нивната противалбанска кауза и на штета на меѓуетничката кохезија во земјата, кохезија создадена во духот на Охридскиот договор.“ – објави на својот официјален фејсбук-профил малата албанска партија Движење Народ, во состав на „Европскиот фронт“ на ДУИ и Али Ахмети. Објавата ја пренесе и ТВ Клан Македонија. Со овие свои неосновани тврдења оваа партија од албанската опозиција само ги „пали“ меѓуетничките односи и непромислено создава напнатост во нив.
Движењето Народ уште изнесува: „За жалење е рамнодушноста и сервилноста на Вреди кон противалбанската политика на еднонационалната власт, која избра да ги штити своите лични и кланови интереси, наместо да ги брани националните вредности. Пратениците од Европскиот фронт ќе продолжат со високо национално достоинство да ги бранат албанските интереси, гарантирајќи дека донесувањето на законот за „бранители“ ќе остане блокирано и оти тоа ќе биде условено со закон за поранешните војници на УЧК.