Да се внимава каде се купува на „Црн петок”, па и онлајн, предупредува Народна банка

Да се внимава, ама сериозно. Народната банка на својата Фејсбук страна објави препораки до граѓаните за безбедно онлајн купување. Оттаму велат дека купувањето преку интернет е лесно и брзо, но дека заштитата на сопствените финансии е од суштинско значење. Од Народната банка препорачуваат да се купува од безбедни веб страници и секогаш да се побара „https://“ и икона за катанец во лентата за веб-адреси. При купување да се користат безбедни интернет врски, односно никогаш да не се купува преку јавна Wi-Fi мрежа и редовно граѓаните да ги проверуваат сопствените банкарски изводи за неовластени трансакции.

  • Купувањето преку Интернет е лесно и брзо, но заштитата на вашите финансии е од суштинско значење. Следете ги овие совети за безбедно искуство за купување преку Интернет:  Овозможете двофакторна автентикација: Додадете дополнителен слој на безбедност на вашите сметки. Пазете се од премногу добри понуди: Ако изгледа премногу добро за да биде вистина, веројатно е!“, валат од Народна банка.

И од Организацијата на потрошувачи алармираат да се внимава. Ако потрошувачите одлучат да купат нешто за време на блек фрајдеј, да купат само тоа што им е неопходно,  да ја спроредат претходната цена со новата и да не купуваат на не проверени онлајн страници.   

Претходно од Управата за јавни приходи излегоа со соопштение дека трговците се должни да поседуваат фискален апарат и задолжително да издаваат фискални сметки при вршење продажба и промет. На видно место треба да постават соопштение со кое го информираат купувачот за неговата обврска да побара фискална сметка.