Данела повторно не успеа – Уставен ја одби нејзината иницијатива

Уставениот суд одлучи да не поведе постапка за ДУП-от во Ѓорче Петров. На денешната седница, Уставен одлучи не ги прифати наводите на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска бидејќи донесената Одлука е согласно закон.



Арсовска пред Уставниот суд се обиде да ја оспори одлуката за донесување на ДУП за Градска четврт С3 16 Општина Ѓорче Петров, наведувајќи дека е спротивна на уставниот принцип на владеењето на правото.

„Не се докажа дека со Одлуката е направена повреда на Статутот на Општина Ѓорче Петров, на Законот за локална самоуправа, на Законот за Град Скопје, на Законот за просторно и урбанистичко планирање, како и на членот 52 од Уставот“, информираат од Уставен.