Дали пребогатиот сопственик на фирмата Еколог Љазим Дестани досега близок на ДУИ ,,го продаде кучата” односно се откажува од конекциите со Али Ахмети и СДСМ откако станува се појасно дека тие немаат шанси да останат на власт?
Оваа дилема се појави откако во јавноста се појави фотографија од негова пријателска средба со лидерите на албанската опозиција Арбен Таравари, Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши?
Дестани предходно беше близок на Зоран Заев и ДУИ со чии министри негови фирми почнуваа инвестиции кои никогаш не се случија, како фабриката за електрични возила во Тетово која номинално доби државна помош од над 40 милиони евра но никогаш не проработе.
Дестани преку канадската компанија и министрите од ДУИ во владата е дел од проектот рудници Иловица Штука за кои има огромен отпор во јавноста поради еколошки причини.
Дали Дестани гледа дека ДУИ е на добар пат да замине од власта и се приближува кон албанската опозиција кој има огромни шанси да биде дел од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, засега е само едно сценарио.
Ако се суди според објавената фотографија од средбата која се случила во Приштина за време на прославата на годишнината од државноста на Косово Дестани си минува убаво со Таравари, Касами, Меџити и Гаши.
Фразата ,,Го продал куќата” кај дел од јавноста меѓу другото се користи и за луѓе кои што се откажале од некоја идеја или група луѓе.