Одлуката за изземање на судијата Ивица Стефановски од судењето за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес највеојатно ќе биде објавена догодина.
Обвинетиот Палевски на последното рочиште на 20 декември побара да се изземе претседателот на судечкиот совет Ивица Стефановски, затоа што, како што рече, тој е необјективен, пристрасен и не му дозволува правична одбрана.
Кривичниот суд сè уште не донел одлука во врска со барањето на обвинетиот Љупчо Палевски Палчо.
Тој е првообвинет за двете грабнувања и убиства, заедно со неговите сопартијци од Десна, Велобор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев.
Од Кривичниот суд велат дека одлуката за изземање треба да ја донесе претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев и дека таа ќе биде обелоденета за јавноста на следното рочиште, кое е закажано за 20 јануари.
Палевски изнеел и забелешки за однесувањето на ОЈО Скопје и на СВР Скопје, за кои тврди дека за време на истрагата ниту еднаш не прашале ниту еден од останатите тројца обвинети дали поседуваат оружје со или без дозвола, како и дека кај нив не е барано оружјето.
Судијата Ивица Стефановски рече дека неговото барање на податоците е предложено во листата на докази на одбраната, судот е запознат со истото и ќе биде презентирано во делот кога ќе биде изнесувана одбраната.
„ Барањето за мое изземање од процесот ќе биде предложено до претседателот на судо“т – рече судијата.
Пред да дознае јавноста, за одлуката на претседателот Џолев треба да бидат известени сите странки во постапката. Плусинфо