Дали минималната плата ја убива продуктивноста на трудот?!

Минималната плата меѓу желбите и можностите. Стопанството тешко може да се справи со растот на платите, а податоците за продуктивноста тоа го потврдуваат, велат експертите. Според професорот Лазар Јовевски, во изјава за МРТ1, работниците заслужуваат повисоки плати, но само ако се продуктивни. Тие од месецов работат за повисока минимална плата. Наскоро ќе се утврдува сумата за која работниците ќе ја земаат во април. Согласно Законот, минималната плата треба да се зголеми за 1.800 денари, односно да изнесува 24.400 денари.

И професорот Синиша Наумовски е на став дека платите мора да растат. Но без продуктивност, не може да очекуваме добри резултати.

И работодавачите и Синдикатот се согласни за повисок минималец, но само ако разликата за придонеси ја плаќа државата една година.

Дали ќе се откаже државата од над милион евра за да прифати минималец од 500 евра, ќе се знае наскоро. Конечната одлука ќе ја донесе Економско-социјалниот совет во текот на месецот. Минималец во моментов земаат 10.000 работници. Нешто над минималната плата уште 20.000 луѓе.