Синоќа, додека МВР по налог на Основното јавно обвинителство спроведуваше акција за апсење на 7 полициски службеници поврзани со трагедијата во Кочани, шефот на јавното обвинителство, Љупчо Коцевски ја компромитираше акцијата.
Имено, за време на своето гостување на Телевизија Телма, паралелно додека траела акцијата Коцевски соопшти дека пред да влезе на емисијата „Топ тема“ бил известен дека е издаден налог и е во тек полициска акција за приведување на нови седум полицајци.
Според информации на Република, Коцевски ја споделил информацијата на самиот почеток на акцијата. Споделувањето на таквата информација, коментира извор од МВР, би можела да биде аларм за осомничените. Како што наведува нашиот извор, од МВР овој негов потег го оцениле како компромитирачки за нивната акција.
До раните утрински часови полицијата се уште трага по едно оде седумте осомничени лица од полицијата. Осомничениот по кој се трага живее во Штип.