Ова е еден богат ручек, не многу комплициран за подготовка, а единствено што треба е малку повеќе време да се чека за да се вкуси. Се подготвува, се става во рерна, се наѕира од време на време, а во меѓувреме си работите друго.
Подготовка:
Месото исечете го на коцки, во него ставете кромид, малку посолете го и запржете го. По некое време додадете го исечканото лукче, пак пржете, а за тоа време подгответе ги останатите состојки.
Чадената сланина и црвените пиперки исечкајте ги на коцкички, излупените и измиени компири оформете ги по желба, а свежите шампињони исечете ги на листови.
Користете тенџере со метални рачки и капак со пречник од 22 сантиметри, и почнете да ги редите состојките земајќи по 1/2 од нив по следниот редослед: чадена сланина, компири, црвени пиперки, сушени домати, печурки и на крај запрженото месо со кромид. По ова уште еднаш повторете го редењето по истиот редослед. Поросете со малку црн пипер и ставете малку масло одозгора.
Кесичката Фант за гулаш или паприкаш истурете ја во 700 милилитри вода, загрејте ја и мешајте ја додека да почне да врие и да се згуснува. Готовата течност прелијте ја врз наредените состојки, поклопете го тенџерето со капакот и ставете го во загреана рерна на 250 степени.
Печете на таа температура 1 час, потоа извадете го тенџерето од рерна и полејте го виното. По потреба може да дотурите малку млака вода. Намалете на 220 степени и без капак печете уште 1 час.
Значи ништо не мешате, само повремено го надгледувате крчкањето откако ќе го извадите капакот. Штом е готово, посипете со сечкан магдонос и гостете се.