И овој продолжен викенд на граничниот премин „Богородица“ има големи колони за влез во Грција покажуваат видео камерите на „Јавното претпријатие за државни патишта“
Денешниот државен празник, Денот на словенските просветители Свети Кирил и Методиј., е неработен ден, па многумина продолжениот викенд решија да го поминат во Грција.
Гужвите започнаа уште вчера попладне, кога исто така имаше голем наплив на автомобили на „Богородица“.
Зголемен интензитет е забележан и на ГП „Табановце“ кон соседна Србија.