Наплатата на паркинг лани е втора најголема ставка во сите приходи на државниот Градски трговски центар (ГТЦ) Скопје, дознава Фактор.
„Официјалните податоци покажуваат дека ГТЦ лани од својот подземен паркинг наплатил 518.000 евра што е за 50 отсто поголем приход од оствареното во 2022 година.
Според податоците од годишниот извештај менаџментот на државната компанија успеал солидно да ја зголеми ефикасноста на наплатата или пак тоа се должи тоа што паркирањето поскапело“, пишува порталот.
ГТЦ има дури 194 вработени, а главна дејност му е да одржува деловни простори во вкупна површина од 46.000 квадратни метри. Безмалку 50 отсто од целиот расход е за плати на вработените. И покрај подобрувањата на работните процеси од страна на менаџментот лани загубата на ГТЦ изнесува над 400.000 евра.