До каде може да оди имагинацијата на грчките политичари и други јавни личности во однос на името на македонската држава зборува предлогот од пратеникот на Златна зора, Христос Папас.
„Ако морав да се согласам за сложено име и за употреба на зборот Македонија, можеби… доволно е да биде едно од следните имиња што ги предлагам: ‘ЛАЖНА МАКЕДОНИЈА’ или ‘УКРАДЕНА МАКЕДОНИЈА’ или ‘ОКУПИРАНА МАКЕДОНИЈА’ и на англиски ‘FAKE MACEDONIA’“, напиша тој на „Твитер“ покрај фотографија од грчкиот нобеловец по литература Одисеј Елитис и цитат од него: „Единственото прифатливо име за Скопје со зборот Македонија во него е: Псевдомакедонија“.