Грчки пратеник вџашен од „летањето орли“ пред Рама среде Атина

Стелиос Фотопулос, пратеник од ултранационалистичката партија Грчко решение, ја сподели на Твитер својата вџашеност од „летањето орли“ од илјадници Албанци од Грција што завчера се собраа во спортска сала во Атина да го поздрават албанскиот премиер Еди Рама, дојден во „приватна“ посета кај јужниот сосед на Македонија.

„Луѓе кои се родени во Грција, оделе во грчко училиште, најверојатно служеле и во грчката армија“, твитна Фотопулос од партијата со 12 пратеници од вкупно 300 во грчкиот Парламент, како и со еден европратеник, за атмосферата во салата со стотици албански знамиња и ниту еден грчки државен симбол.