Ова го порачал главниот доктор од солунската болница во која се лекуваат повредени од Кочани, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски кој заедно со министерот за здравство Арбен Таравари се во посета на повредените во две солунски болници.
„Она што го видовме и посведочивме утрово е прекрасна медицинска помош. Ќе го цитирам она што ни го кажа главниот доктор кој се грижи за овие пациенти: „Вашите деца се наши деца“ рече министерот Муцунски.
По посетата на болницата Папаниколау, во изјава за грчките медиуми, шефот на дипломатијата истакна дека од она што биле информирани, „пациентите се во сериозна, но стабилна состојба“.
Муцунски во Солун: Благодарност за солидарноста на Грција по пожарот во Кочани