Грчка фирма казнета за корупција во Македонија

Грчкото јавно обвинителство за корупција ја казни градежната компанија „Актор“ која е дел од холдингот „Боболас“ за перење пари и измама во висина од околу 50 милиони евра поврзани со изградбата на автопатот во Македонија, објавија грчки медиуми.

Измамата, според обвинителот, е против интересите на Европската Унија, а случајот е отворен откако, тогашниот лидер на опозицијата а сега премиер, Зоран Заев обвини за нерегуларности во изградбата на автопатот Демир Капија-Смоквица, пишува грчки „Катимерини“ пренесува мкд.мк 

Европската канцеларија за борба против измами ОЛАФ започна истрага и открила дека, меѓу другото во периодот 2012-2013 година се префрлале пари во готовина наменети за плати, кои не завршувале кај луѓе вработени во компанијата туку кај трети лица или пак, се користеле за „пумпање“ на цената на проектот.

Тогаш официјалните претставници на „Актор“ во Скопје и во Демир Капија молчеа и кусо соопштија дека ги почитуваат законските прописи на Македонија.