Грчката компанија „Павлидис С.А. Марбл-Гранит“ ќе биде нов газда на „Мермерниот комбинат“ од Прилеп откако холандскиот доминантен сопственик фирмата „Стоун Воркс Холдинг Кооператиеф У.А.“ е купена од грчката компанија.
Двете фирми не ја соопштуваат цената на трансакцијата која што мора да биде одобрена од македонските власти.
„Со задоволство го објавуваме договорот за купување на Стоун Воркс, мнозинскиот сопственик на Мермерен. Оваа трансакција ќе додаде вредност и синергија на двете компании, зацврстувајќи ја нивната позиција на меѓународните пазари“ изјави Никос Димарелис, генерален директор на Павлидис С.А. која е грчки лидер во производството на мермер од 1980 година.
„Мермерен комбинат“ во 2016 година пријави нето профит во висина од 3,5 милиони евра.