„Нема начин да се одржат избори пред крајот на мандатот на оваа влада“, изјави секретарот на Централниот комитет на владеачката партија СИРИЗА, пренесуваат грчки медиуми изјава на секретарот на таа партија Панос Ригас.
Премиерот Алексис Ципрас и неговата СИРИЗА се најдоа на удар од опозицијата дека во владината коалиција не можеле да обезбедат „консензус“ за спорот со името со помалиот партнер, националистичката Независни Грци.
Нова демократија тврди дека тогашната министерка Дора Бакојани и во времето пред Самитот на Алијансата во 2008 година во Букурешт, кога Грција (не) стави вето за прием на Македонија (и покрај трите ветувачки изјави на американскиот претседател Џорџ Буш), сите политички партии биле за сложено име со географска одредница.
Во моментов, проблем за премиерот Ципрас е неговиот министер за одбрана Панос Каменос, кој не прифаќа во името на северниот сосед да стои и зборот „Македонија“.
Но, Ригас ја потсети опозицијата дека сегашните „добрососедски односи и надворешната политика на грчката влада донесоа мир во земјата и на Балканот“.