Околу 200 бегалци, главно од Азија и од Африка, беа запрени од грчката полиција на границата со Македонија.
Тие синоќа тргнаа од Солун кон македонската граница со надеж дека преку Македонија, Србија, Унгарија и Австрија ќе стигнат до Германија. Но, полицијата на јужниот сосед испрати дополнителни сили кон границата и на места дојде до судири. Нема информации за повредени.
Во Грција се наоѓаат околу 60.000 бегалци од војните на Блиски Исток и во Африка.