Професорката и лидер на партијата „Глас за Македонија, Солза Грчева, отворено го исмева лидерот ДУИ Али Ахмети кој, како што вели решил да се бори со Русија и руското влијание, за да влеземе во Европа.
„Ние не можеме со Бугарија да се избориме, он директ со Русија.
Се чудам како не ја спомнал и Кина. Му кажал некој дека кинеското влијание, преку АлиЕкспрес, ни е во секој дом?
И ако чекаме Али да ја победи Русија за да влеземе во ЕУ, работата ни е врвка“.